Макало од црни домати
Состојки
- 2 црни домати,средна големина
- 200 гр. павлака
- 100 до 150 гр. рендано сирење
- 2 до 3 лажици мајонез
- лук количина по желба
- сол по потреба
- 100 гр. мелени ореви
Подготовка
Црните домати се лупат и се печат.Оладени,се мелат.Лукот се гмечи со алатка.Се додаваат и другите состојки.Убаво се соединува.
За поедноставна постапка,сите состојки ставете ги во соковник и миксајте додека се добие мазна,хомогена смеса.