Испечати

Пита со вишни/цреши

Пита со вишни/цреши

Состојки

  • 2 јајца
  • 1 шолја(200 мл) шекер
  • 1 шолја јогурт
  • половина шолја масло за јадење
  • 2 шолји брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 ванилин шекер
  • 500 г вишни/цреши

Подготовка

Јајцата се матат во длабок сад додека не се изедначат.Во садот се додаваат и шекерот,маслото за јадење,јогуртот,брашното,прашокот за пециво и ванилиниот шекер.Целата смеса се меша додека не стане хомогена.Потоа се истура во подмачкано тавче бр.28.Вишните/црешите се додаваат во смесата насекаде.