Домашна погача од интегрално брашно
Состојки
- 1к.лажица сол
- 1к.лажица шеќер
- 1 свеж квасец
- 400мл. вода
- 600гр. интегрално брашно
- 50мл. масло
Подготовка
1. Од сите горе наведени состојки се меси тесто.
2. Кога ќе стаса така што двојно ќе порасне, тестото повторно се премесува.
3. Кога втор пат ќе стаса се обликува како погача и се става во намастена тава.
4. Погачата може да се засече површински со нож и се остава да стаса на топло место.
5. Се пече во загреана рерна на 200ст. околу 30мин.