Макало со пиперки
Состојки
- 10-тина зелени пиперки (средна големина)
- 5 чешниња лук
- 1 помал филџан масло
- 250 гр. кисело млеко (или павлака)
- сол по потреба
Подготовка
Прво целите пиперки се пржат во масло. Се лупат и им се отстрануваат семките. Се толчат или за полесно се мелат на машина. Со алатка се гмечи лукот и се додава. На оган се загрева маслото. Мешајќи го додаваме и врелото масло, па потоа и киселото млеко. Посолуваме по желба. Доколку сакате додадете и малку сечкан магдонос.