Пилешки стек со јогурт и сенф
Состојки
- 500 гр пилешки стек
- 200мл јогурт
- 1 кесичка сенф
- 1 лажица зачини
Подготовка
Многу лесно, евтино и вкусно јадење .
Стекот го сечеме на долгнавести парчиња и малку го подваруваме. Потоа откако ќе изврие целата вода, додаваме масло и го пропржуваме. Откако стекот ќе го пропржиме ги додаваме јогуртот, сенфот и зачините по желба. Мешаме и се заедно пржеме уште 5 минути.