Испечати

Сникерс тригони

Сникерс тригони

Состојки

  • 300 гр мелени кикири
  • 200 гр шеќер во прав
  • 300 гр мелени бисквити
  • 2 лаж какао
  • 2 лаж маргарин
  • 4 лаж шеќер
  • 4 лаж вода
  • 6 лаж млеко
  • 100 гр чоколадо
  • 2 јајца
  • 250 гр маргарин

Подготовка

Маргаринот се мати со јајцата, се додава шеќерот, па бисквитите и кикирите и се убаво се меси со рака. Во калап или ако немате триаглест калап за обликување, со помош на картон обложен со фолија обликуваме триаголник ролат. Го премачкуваме со чоколадна глазура растопена на тивок оган од сите состојки каде се наведени со мера лажици и чоколадото и оставаме во ладилник да се стегни. Потоа сечиме на тенки парчиња и служиме.