Испечати

Полнети лепчиња

Полнети лепчиња

Состојки

  • 8 кружни лепчиња
  • 4 јајца
  • 8 парчиња салама на коцкички (по 1 за секое лепче)
  • 8 парчиња кашкавал на коцкички
  • 4 лажици рендано сирење
  • 1 павлака (200 гр)
  • 4 младо кромидче (големината варира, па можи и по желба)

Подготовка

На лепчињата им се отсекува горниот дел и им се вади средината.
Ги мешаме сите состојки и со смесата ги полниме празнините на лепчињата.
Во загреана рерна на 160 степени ги печиме околу 10-15 мин.
На здравје!