Испечати

Пита со вишни од готови кори

Пита со вишни од готови кори

Состојки

  • 500гр. тенки кори
  • 150мл. масло
  • 300мл. јогурт
  • 250гр. шеќер
  • 3 јајца
  • 150гр. пченичен гриз
  • 1 ванилин шеќер
  • 1/2 прашок за пециво
  • 300гр. вишни без семка (свежи или замрзнати)

Подготовка

1. Се мати масло јогурт шеќер јајца гриз ванилин шеќер и прашокот за пециво.
2. Се одвојуваат 5 кори и една по една со четка убаво се мачкаат со филот и се ставаат една врз друга.
3. На петата намачкана кора се ставаат вишните (види слика).
4. Се виткаат во ролат и се редат во намастена тава.
5. Се премачкуваат со филот и се печат во загреана рерна на 220с. околу 25-30мин. или додека добијат убава боја.