Ролат со крем бананчиња
Состојки
- 250 мл млеко
- 500 гр шеќер
- 250 гр маргарин
- 100 гр мелен орев
- 100 гр кокос
- 500 гр мелени бисквити
- 1 лаж рум
- 2 лаж какао
- 10 крем бананчиња
Подготовка
Млекото и шеќерот се ставаат да зовријат. Се трга од оган и се додава маргаринот да се растопи. Потоа, се додаваат сите состојки , освен бананчињата.
На најлонска фолија се расплескува кора, на која се редат крем бананчињата во 1 ред и се витка ролат.
Од оваа смеса, зависно од големината на корите кои ке ги расплескувате, излегуваат 2-3 ролати.
Бон апетит!