Испечати

Бомбици со ореви

Бомбици со ореви

Состојки

  • 100 гр чоколада
  • 150 гр мелени ореви
  • 100 гр шеќер во прав
  • 250 гр мелени бисквити
  • 1 ванилин шеќер
  • 125 гр ,маргарин

Подготовка

Маргаринот, чоколадата, ванилиниот шеќер и шеќерот се ставаат на оган да се стопат
Одкако ќе се соедини смесатат во неа се додаваат мелените бисквити и мелените ореви.
Одкако малку ќе се олади смесата се формираат бомбици и се валкаат во ситно мелени бисквити, а може и ореви или нешто друго по желба.