Испечати

Супа од карфиол

Супа од карфиол

Состојки

  • 1 стебленце целер
  • 1 голем карфиол
  • 1 голем кромид

Подготовка

1. Исчистете го карфиолот и разделете го на поситни делови.
2. Исечкајте го кромидот покрупно.
3. Исечкајте го целерот на поситни делови.
4. Карфиолот, целерот и кромидот ставете ги во длабок лонец.
5. Ставете вода додека не се прекрие зеленчукот.
6. Оставете ги да зовријат.
7. Потоа намалете го оганот и оставете на тивок оган да се варат 30 минути.
8. Откако ќе се свари зеленчукот, супата испасирајте ја со пасирка.
9. Додадете исецкан магдонос за да ја украси супата.