Бомбици со овес и кафе
Состојки
- 100 гр маргарин
- 60 гр шеќер во прав
- 1 ванилин шеќер
- 2 лаж какао
- 150 гр овесни снегулки
- 2 лаж силно, ладно кафе
- 40 гр кокос
Подготовка
Со миксер се матат маргаринот, шеќерот и ванилиниот шеќер, и треба да се добие хомогена смеса.
Потоа се додава какаото, овесните снегулки и кафето.
Сите состојки се мешаат темелно да се соединат убаво.
Потоа се формираат бомбици, но рацете треба да се навлажнети со студена вода и бомбиците се валкаат во кокос.
Се оставаат во фрижидер околу еден час.