Испечати

Палачинки со банана и крем

Палачинки со банана и крем

Состојки

  • 400 гр брашно
  • 1 јајце
  • 1 лажица масло
  • 2 дл топла вода или млеко
  • 2 банани
  • 300 гр крем

Подготовка

1. Брашното јајцето водата и маслото добро се бијат со миксер да нема грутчиња и се печат палачинките.
2. Готовите палачинки додека се топли се мачкат со крем.
3. Бананата се сечи на пола па на четири и се става по едно парче врз кремот,се виткаат како ролат.
4. Можат да се декорират со шлаг и чоколаден прелив.