Кугел од тиквички
Состојки
- 3-4 средно големи тиквички
- 2-3 компира
- 1 морков
- 1 главица кромид
- 2 лажици брашно
- 3 јајца
- 150 гр. рендан кашкавал
- по избор магданос, малку оригано, сол, вегета бибер, лук,
Подготовка
Тиквичките, компирот, кромидот, морковот се рендаат, им се додава магданос, малку оригано, јајцата брашното и зачините по ваш сопствен избор и целото тоа се меша. Во огноотпорен сад или во земјена тава која се премачкува со зејтин се става вака добиената смеса, се става во предходно загреана рерна и се пече. Пред самиот крај се вади, се посипува со ренданиот кашкавал, се врака назад во рерната. Откако кашкавалаот ке се стопи се вади од рерна.
Бон апетит!