Испечати

Видео рецепт: Делимано омлет

Видео рецепт: Делимано омлет

Состојки

    Правењето омлет може да биде едноставно или сложено, но денес ќе направиме едноставна варијанта со одличен вкус. Ова јадење е совршен појадок кој може да се комбинира со скоро секакви состојки.

    Состојки

    • 4 јајца
    • 50 грама Моцарела
    • Половина Црвена Пиперка
    • Половина Зелена Пиперка
    • Сол и бибер
    • Маслиново масло

    Подготовка

    Чекор 1: Изматете ги јајцата во голем сад и добро промешајте ги, а потоа исечкајте ја моцарелата на мали парчиња и ставете ја во јајцата, промешувајќи уште еднаш.

    Чекор 2: Сега исечкајте ја половината зелена пиперка на мали парчиња и ставете ја во смесата со јајцата, а потоа истото сторете го и со црвената пиперка. Нема разлика во вкус меѓу зелената и црвената пиперка, но боите му даваат свежина на јадењето.

    Чекор 3: Загрејте ја плотната и ставете само малку маслиново масло за да ја подмачкате тавата и спремни сте да го направите Вашиот омилен омлет. Кога термо сензорот ќе покаже дека температурата е доволна, ставете ја смесата во тавата за пржење и Делимано ќе го заврши останатиот дел од работата.

    Чекор 4: Зачинете го омлетот со сол и бибер одозгора и оставете го да се пржи околу 5 минути. Потоа свртете го да се испржи уште само една минута од другата страна и спремни сте за сервирање. Ништо не се лепи за оваа тава и омлетот ќе се излизга на чинијата како палачинка. Ставете малку свежи домати одозгора и готови сте.

    Чекор 5: Ако видите нечистотија на тавата за пржење, едноставно земете мокра салфетка и избришете ја – толку е едноставно. Затоа чистењето на Делимано тавите е составен дел од готвењето.

    СОВЕТ: Ова е само еден начин за подготовка на омлет. Јас сигурно ќе направам уште неколку рецепта и ќе ги поставам на страната, но навистина би сакал да ги чујам Вашите омилени рецепти. Се надевам дека ќе го пробате овој рецепт.

    Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава за пржење