Урнебес бомбици
Состојки
- 500 гр. пасирано кравјо сирење
- 500 гр. кравја изварка
- 150 гр. кајмак
- 4 лажици масло
- 2-4 лажици рамно полни попир буковска, значи по вкус
- 3-4 чешниња пасирано лукче
- 100 гр. поптпечен сусам за валкање на бомбиците
Подготовка
Класика.....
1.Се соединуваат состојките, се меша убаво и се става во фрижидер во кутија со капак неколку часа,3-4, за да се спојат вкусовите.
2.Потоа со намрсени раце се обликуваат бомбици и валкаат во сусам.
Може да се додаде и сувомеснато по вкус, како врат и итн....
На здравје!