Ванилици
Состојки
- 125 гр. свинска маст-сало
- 125 мл. масло
- 125 мл. млака вода
- 150 гр. шеќер во прав
- 2 ванили
- 1 пециво
- по потреба брашно, околу 650 гр.
- по потреба од омилениот мармалад и шеќер во прав
Подготовка
Ванилици - безвременски, колачиња кои се топат во уста, колачиња кои навраќаат во детство и будат убави спомени...))))
1.Од сите наведени состојки се замесува средно меко, нелепливо тесто.
2.Се отвора кора од пола сантим, се вадат форми со ракиена чаша.
3.Се печат во загеана рерна на 180 околу 10 мин., т.о. додека порумени долниот раб.
4. Се слепуваат 2 по 2 и се валкаат во шеќер во прав....
На здравје!