Зимско макало
Состојки
- 10 суви пиперки
- 3 варени компири
- 1 страк ситно сечкан праз
- 150 гр доматно пире
- сол по вкус
- 50 мл врело масло
Подготовка
1. Се варат сувите пиперки заедно со компирите околу 25мин. Се оставаат во врелата вода да омекнат пиперките ,а компирите се вадат да оладат.
2. Се гмечат компирите,се чистат пиперките од лушпата и се толчат заедно со празот.
3. Се мешаат со компирите се додава сол и доматно пире .На крајот се попарува со врело масло.