Испечати

Ориз тавка со маслинки

Ориз тавка со маслинки

Состојки

  • 700гр Копани
  • 1 чаша ориз (чаша од 250мл)
  • 1 Пиперка
  • 2 главици кромид
  • пола рака маслинки
  • 2м.л сол
  • 1мл вегета
  • прстофат мелен црн бибер
  • малку магдонос ( по желба)

Подготовка

1.Копаните се варат околу 1 ипол час и се става 1м.л сол во водата.

2.Се запржува на масло исецканиот кромидот малку па се додава исецканата пиперката и маслинките, потоа се додава оризот, 1м.л сол, 1м.л вегета и мелениот црн бибер(сето тоа убаво се запржува).
3.Се префрлаат во тава оризот и копаните и се додаваат 3 чаши(од 250м.л) вода(топла) во која беа варени копаните.
4.Се пече на 200 степени во загреана рерна.

На здравје.