Детски ножиња
Состојки
- 150гр Маргарин
- 1 Јајце
- 100гр Шеќер во прав
- 300гр Брашно
- за декорација
- 2 Белки
- 250гр Шеќер во прав
- прехрамбени бои црвена, бела, црна и кафеава(или по желба)
Подготовка
1.Маргаринот, јајцето и шеќерот во прав се матат.
2.Потоа се додава брашното и се меси, се расукува и се прават форми со калап.
3.Се редат на хартија и се печат на 200 степени во загреана рерна додека не заруменат.
За декорација
1.Белките и шеќерот во прав се матат.
2.Се дели во повеќе чинии и се става боја по желба(колку бои сакате на толку поделете).
4.Од црвената боја ставете малку и ќе добиете розева.
3.Се става во ќеса и се декорира по ваш избор и се оставаат да се зацврстат.
Оставете чувствата да ве водат бидете креативни и правете со многу љубов.