Гурабии со орев
Состојки
- 700 гр брашно
- 250 гр маргарин или маст
- 150 гр шеќер во прав
- 1 јајце
- 150 гр толчени ореви
- 1 пециво
- 1 чашка узо
- кора и сок од 1 лимон
- 1 ванила
Подготовка
1. Од сите состојки се замесува тесто.Се остава да одмори и потоа се сучи кора со дебелина од 5мм.Со чашка ракиена се вадат месечинки.Се печат на 180С-10мин да останат бледи.Се увалкуваат топли во прав шеќер.