Испечати

Плазма колач

Плазма колач

Состојки

  • 300 гр мелена плазма
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 2 лажици какао
  • 50 гр мелени ореви
  • 100 гр стопен маргарин
  • 200 мл млеко
  • Глазура
  • 100 гр чоколада
  • 2 лажици масло
  • 3 карамели

Подготовка

Во длабок сад се става мелената плазма(јас ставив пола мелена, пола кршена).Потоа се додаваат сите преостанати состојки и се прави салама. Се остава да се стегне и се сечат парчиња кои се макнуваат во глазура и одозгора стопена карамела.