Тестенини во слатко кисел сос со ракчиња
Состојки
- 350гр ракчиња
- 5лажици слатко кисел сос
- 150гр тестенини машнички
- 1/2лажица мешан зачин со билки (оригано, мента, босилек )
- 1/3лажиче хималајска сол и црн бибер
- 4-5 лажици маслиново масло
Подготовка
Ракчињата свежи ги бришам со кујнска хартија и ги запржувам во масло.
Пржам убаво да заруменат и да ја сменат својата големина и боја.
Додавам зачини.
Тестенините претходно сварени и исцедени ги додавам во вок тавата каде пржев и мешам да се спои се.
Зачинувам со слатко киселкастиот сос.
Јас користев сос со малку лута нота.
Му даде превкусна димензија на јадењето.
Промешав и сервирав. На здравје да ви е.