Сочен колач со јаболка и рогач
Состојки
- 4 јајца
- 100 гр шеќер
- 100 мл млеко
- 100 мл масло
- 130 гр брашно
- 100 гр рогач
- 2 ќесички ванилин шеќер
- 1 ќесиче прашок за печење
- 3 големи јаболка
- Глазура
- 100 гр чоколадо
- 2 лажици какао нугат крем
- 2 лажици масло
Подготовка
1. Густо изматете ги јајцата со шеќерот.
2. Додадете ги течните состојки и ванилиниот шеќер и со најмала брзина на миксерот измешајте.
3. Потоа додадете ги и сувите состојки, па на крај јаболката, претходно изрендани.
4. Смесата истурете ја во намрсена тава 20х30 и печете на 180С околу половина час.
5. Стопете ги состојките за глазурата и премачкајте го колачот одозгора со неа.