Испечати

Црнобели ролатчиња со кондензирано млеко

Црнобели ролатчиња со кондензирано млеко

Состојки

  • За црниот дел
  • 300 мл засладено кондензирано млеко
  • 3 лажици какао
  • 50 гр стопен путер
  • 300 гр мелени бисквити
  • За белиот дел
  • 200 мл слатка павлака
  • 80-100 гр кокос

Подготовка

1. Во длабок сад измешајте го кондензираното млеко со какаото до соединување, додадете го путерот и повторно соединете.

2. На крај додадете ги постепено мелените бисквити. На почеток мешајте, а потоа измесете со рака.

3. Оставете го тестото во фрижидер додека го спремите белиот дел.
За него, изматете ја павлаката и потоа со мешање додадете го кокосот.

4. Развлечете го црниот дел меѓу две пек-хартии и врз него распоредете го белиот.
За убаво да го прилепите прво распоредете го насекаде, а потоа ставете пек-хартија и израмнете го со оклагија.

5. Оставете го кратко во фрижидер да се стегни и потоа сечете го на посакуваните парчиња.

Ролатот во принцип е цврст потоа и додека го спремате само внимавајте на додавањето на крај на сувите состојки...постепено.