Салата со пилешко и кикиритки

Состојки
- 100 гр печени несолени кикиритки
 - 100 гр варено пилешко месо
 - 4-5 кисели краставички
 - 1 лажиче сол
 - 5-6 големи лажици грчки јогурт
 
Подготовка
Кикиритките ги ставаме во блендер и кратко ги блендираме, да останат покрупни парченца.
 Пилешкото месо и киселите кираставички ситно ги сецкаме. Во длабок сад ги ставаме кикиритките. Го додаваме пилешкото и краставичките. Промешуваме. Ги додаваме солта, црниот пипер и грчкиот јогурт, промешуваме. Послужуваме.