Испечати

Старински колачи со пиво

Старински колачи со пиво

Состојки

  • За тесто
  • 400 мл. масло
  • 400 мл. пиво
  • 2 лажици шеќер
  • 2 пецива
  • по потреба околу еден кг. брашно
  • по вкус рендана кора од лимон
  • по вкус и потреба мармелат или јатки ореви
  • За шербет
  • 600 мл. вода
  • 600 гр. шеќер
  • 2 ванили
  • малку лимонов сок

Подготовка

1.Од наведените состојки за тесто, се мармеладот или јатките ореви се замесува средно меко тесто.Се прават саканите форми , а в средина се става мармелат или орев.
2.Се печат во загреана рерна на 180 степени 20 до 25 минути.
3. За тоа време се приготвува шербетот.Се зоврива водата со шеќерот ,се додаваат ванилите и лимоновиот сок и се вари 5 мин.
4.Топлите колачи се потопуваат во жешкиот шербет по околу 30 сек. од двете страни.Се валкаат во ситен кокос или мелени ореви.

На здравје сладење!