Испечати

Ванилини колачиња

Ванилини колачиња

Состојки

  • За тесто
  • 200 гр. путер или маргарин
  • 100 гр. шеќер во прав
  • 2 ванили
  • 1/2 пециво
  • прстофат сол
  • 2 жолчки
  • 380 гр. брашно
  • 90 гр. ситно мелени ореви
  • За украсување
  • 100 гр. црно чоколадо
  • 1,5 лажица масло
  • по потреба кокос

Подготовка

1.Брашното се меша со омекнатиот путер со вилушка .Потоа се додаваат сите суви состојки и се соединува со рака.Се прават тошки низ дланките.Се додаваат жолчките.Се замесува глатко тесто.
2.Се остава 1 час во фрижидер.
3.После тоа време се кинат топчиња од 17-18 гр.Се обликоваат кифлички.
4.Се редат во плех и се печат на 180 степени од 12 до 13 минути.
5.Печени се украсуваат со стопеното чоколадо, и малку кокос.

На здравје!