Испечати

Посна пирамида

Посна пирамида

Состојки

  • Бела смеса
  • 150 гр бело чоколадо
  • 20 гр маргарин
  • 1 лајче мед
  • 80 гр сечкана брусница
  • Црна смеса
  • 150 гр црно чоколадо
  • 20 гр маргарин
  • 1 лајче мед
  • 80 гр сечкани ореви

Подготовка

1. Се топи белото чоколадо ,се додава маргаринот и медот. Кога ќе се стопи се додаваат сечканите брусници.Оваа смеса се става во триаголен калап и се остава да се стегни.
2. Сега се топи црното чоколадо со маргаринот и медот.Кога ќе се растопи се додаваат оревите.Оваа смеса се истура врз белата оладена смеса. Се остава да се олади. Се сечат парчиња.