Новогодишни медењаци
Состојки
- 500 гр меко брашно
- 150 гр шеќер во прав
- 100 гр маргарин
- 3 лажици мед
- 1 пециво
- 1 ванила
- прстофат сол
- 1 лајче сода бикарбона
- 1 лајче зачин за медењаци
- Глазура
- 250 гр прав шеќер
- сок од 1 лимон
Подготовка
Се замесува хомогено тесто од сите состојки кои се дадени за тестото. Се завиткува во фолија прозирна и се остава да одмори во фрижидер.Се вадат фигури новогодишни. Се печи на 180С-15мин.
Се ладат и потоа со белата глазура која ја мешав во разни бои ги украсував колачињата. Некои ги ставив на новогодишната торта како украси ,а повекето колачи подарија насмевки на дечињата.
Колачињата беа направени со љубов и подарени од љубов кон децата.