Испечати

Кромидарник со ќофтиња

Кромидарник со ќофтиња

Состојки

  • околу 0,5 кг и повеќе кромид
  • 1 ракиено чаше + ¾ чаша вода
  • 2-3 суви пиперки
  • 1,5 лажица црвен пипер
  • 2 домати
  • За плескавици
  • 0,5 кг мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 1 јајце
  • 1 лажица сув зачин
  • 1 лажиче оригано
  • 0,5 лажиче црн бибер
  • 1 лажица зачин за грчко ќофте
  • 1 дебела кришка сув леб натопен во вода

Подготовка

1. Од состојките за плескавици измесете компактна смеса и ставете ја во фрижидер.

2. Кромидот исечкајте го во парчиња со средна големина и ставете го во тава со ракиеното чаше вода да динста. Доколку е малку додадете уште едно.

3. Кога ќе испари водата, додадете 1-2 ракиени чашиња масло и прежете додека омекни и подотемни за нијанса.

4. Посолете, додадете го пиперот и откако ќе се соедини додадете ги доматите претходно излупени и изрендани. На крај додадете ја и водата. Доколку сакате ставете малку бибер и сув зачин.

5, Од смесата со мелено месо направете плескавици и ставете ги во тавата благо притиснувајќи ги со цел колку можи да се потопат.

6. Печете во загреана рерна на 210С околу половина час , односно додека испари течноста, но сепак да остани сочно.