Ванилици со сало - Крешенти
Состојки
- За тесто
- 300 гр. -350 гр. брашно
- 1/2 пециво, можи и помалку
- прстофат сол
- 200 гр. свинска маст
- 150 гр. шеќер во прав
- 2 ванили
- 1 јајце
- 2 жолчки
- од 1 лимон рендана кора
- За валкање
- 2 белки
- 150 гр. мелени ореви
- За слепување
- 100 гр. чоколадо за готвење
- 1-2 лажици масло
Подготовка
1.Свинската маста со јајцето,жолчките,шеќерот ,ванилата, прстофатот сол се миксира и постепено се додава брашното помешано со пецивото и се меси со рака.Брашното плус, минус зависно од јајцата,тестото треба да биди мазно и средно меко.
2.Тестото се завиткува во стереч фолија и се става во фрижидер 1 час.
3.После тоа време тестото се дели од 17 -18 гр. и се обликоваат мазни топчиња
4.Во еден сад се ставаат белките и се разматуваат со вилушка.Секое топче се валка
во разматената белка па во мелени ореви.
Се редат во плех .
5.Се печат во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути, зависно од рерната.
6.Кога ќе изладат се слепуваат две по две со стопено чоколадо, да не е многу течно или со нутела.
Нека се исуши чоколадото и можат да се ставаат во кутија со капак.
Колку повеќе стојат, поубави се.
На здравје!