Испечати

Лосос во соја сос

Лосос во соја сос

Состојки

  • 500гр лосос
  • 100мл соја сос
  • 2лажичиња мед
  • 1лажица сусам
  • 1 лимон
  • 1/4 лажиче сол црн,бибер
  • 50мл маслиново масло

Подготовка

Парчето лосос го сечеме на делови со големина која ние ја посакуваме.
Ги посолуваме и наросуваме бибер.
Оставаме покриено со најлонска фолија да отстои барем половина до 1 час.
Потоа во друг сад помешуваме соја сос, мед, сок од лимон и сусам, па сета оваа смеса убаво ја промешуваме. Ги вадиме парчињата лосо, и ги маринираме во смесата, оставаме уште 30 минути да постојат, па ги пржиме на загреано масло. Имаме преубав вкус , мек од соја сосот и сочен од останатите состојки.
Сервираме по вкус.
(јас и со ориз и со компир и со многу други состојки го имам сервирано )
Нека ви е на здравје