Испечати

Сува фереро баклава

Сува фереро баклава

Состојки

  • 1 пакетче кори за баклава
  • околу 130 гр стопен путер
  • 200+ гр чоколадо + неколку лажици крупно мелени потпечени лешници
  • Состојки за фил
  • 150 гр мелени лешници
  • 3 лажици шеќер во прав
  • 1 жолчка
  • 4-5 лажици нутела или друг нугат крем

Подготовка

1. Измешајте ги состојките за филот во компактна смеса од која ќе можите да формирате бомбици.

2. Корите свиткајте ги на половина и пресечете ги.

3. Секоја кора се мачка со стопениот путер и се преклопува по должина.
Превитканата трака благо се премачкува со путер и се става на почетокот бомбица од филот па се витка триаголник како за баклава.

4. Баклавите се редат во намрсен или обложен со хартија плех и се печат 20на минути во загреана рерна на 180С.

5. Кога ќе оладат убаво се макаат во стопеното чоколадо во кое сте ги измешале лешниците.

Кај мене тоа не се познава затоа што мелев со нутрибулетот, па ми се сомелија повеќе.
Долната страна намерно не ја потопував во чоколадо за полесно складирање да не се опушта чоколадото на долниот дел. Ако решите комплетно да ги чоколадирате, ќе ви треба уште чоколадо.