Палачинчиња со парчиња чоколада
Состојки
- 100 гр брашно тип 630 ( спелтино брашно )
- 60 гр протеин ванила
- 6гр прашок за пециво
- 2 јајца големина М
- 130мл млеко може и вода
- 20гр чоколадни парчиња, листови или капки со 32 % какао
Подготовка
Уште еден рецепт во делот на здрави рецепти.
Ги имавме и овие убави мали палачинчиња кои ги спремив со спелтино брашно.
Не користев шеќер, не користев масло, само убаво со миксер ги изматив сите состојки и со мало кутлаче ставав врз апаратот за палачинки.
Не подмачкував затоа што апаратот е предобар и не лепи.
Не се печат премногу за да може да остане текстурата убава и мека.
Растопените парчиња од чоколада кои не се премногу благи, содржат 32 % какао ги прават палачинчињата уште повкусни.
По ваш вкус, ако сакате може да се додаде и цимет во нив, тогаш ќе добиете една нова димензија, прекрасна нота на зимско задоволство.
Нека ви е на здравје
Среќни празници.