Испечати

Смути (јаболко, морков и ѓумбир)

Смути (јаболко, морков и ѓумбир)

Состојки

  • 1 Јаболко
  • 1 Морков
  • 1 г.л. Ѓумбир (свежо изрендан)
  • 100-150 мл Вода
  • За заблажување - Мед

Подготовка

Едноставен рецепт за смути богато со витамини.

- Јаболкото и морковот ги миеме, лупиме и сецкаме на помали парчиња и ги ставаме во чашката од блендерот.
- Го додаваме и свежо изренданиот ѓумбир.
- Додаваме вода по потреба, во зависност од тоа колку сакаме да ни биде густо смутито.
- Блендираме до хомогенизирање.
- Заблажуваме со мед во количина по вкус.

На здравје!