Испечати

Триаголници со кондензирано млеко

Триаголници со кондензирано млеко

Состојки

  • 1/2 лименка засладено, кондензирано млеко или 200гр
  • 200гр квалитетно чоколадо 45 %какао маса
  • 40гр путер
  • 100гр тостирани, грубо сецкани лешници
  • 45гр меко колаче, со 3 вида чоколадо или било каков друг кекс
  • 40гр кандирани цреши

Подготовка

Ова се едни богати колачи на вкус, кои имаат и прекрасен изглед.
Нека бидат дел од вашата празнична трпеза.

Во тенџере на тивок оган ги ставаме да се соединат кондензираното млеко, чоколадото, путерот.
Постојано мешаме до изедначување на состојките.
По ваша желба може да се додаде и некоја арома... Рум, цимет, ванила.
Тргаме од оган.
Во еден сад веќе ни се соединети лешниците, сецканите кандирани цреши и мекото, грубо сецкано колаче.
И нив ги додаваме на претходните состојки.
Убаво соединуваме.
Топлата смеса ја распоредуваме во триаголен калап, кој е обложен со прозирна фолија.
Убаво ја распоредуваме смесата.
Оставаме на ладно неколку часа да се стегни десертот.
Потоа сечиме на парчиња и сервираме.

Среќна Нова година на сите