Лимон колачиња (со лимон крем)
Состојки
- За колачињата
- 1 Јајце
- 60 гр Шеќер
- 75 гр Путер
- прстофат Сол
- 1 Ванила
- 1 Лимон (кората)
- 180 гр Брашно
- Плус - Лимон крем (по потреба)
Подготовка
Ровки колачиња, со мирис и вкус на лимон.
Подготовка
1. Прво се подготвува кремот од лимон по следниот рецепт - https://moirecepti.mk/post/лимон-крем-lemon-curd
2. Потоа започнуваме со подготовка на тестото за колачињата. Во длабок сад ги ставаме сите наведени состојки и замесуваме тесто кое го завиткуваме во стреч фолија и го оставаме 15-на минути во фрижидер.
3. Потоа од тестото формираме топчиња на кои во средината со помош на рачка од сукало или дрвена лажица им правиме дупчиња (но не до крај). Ги редиме во плех врз хартија за печење и ги печеме во загреана рерна на 180 степени (до благо заруменување од долната страна). Нека оладат, па средишниот дел го полниме со лимон крем.
На здравје!