Испечати

Брокула тост

Брокула тост

Состојки

  • 100 гр брокула
  • 1 јајце
  • 4 лажици кисело млеко
  • ½ лажиче сол
  • 10 лажици овесни снегулки
  • Кашкавал

Подготовка

Подготовка:

1. Во блендер ги ставаме сите состојки, освен кашкавалот, блендираме да се добие хомогена смеса.
Половина од смесата ја ставаме на тостер на кој претходно имаме ставено хартија за печење. Преклопуваме и зависно од тостерот ( јас околу 10 тина минути) печиме додека не порумени.

2. На едната половина ставаме кашкавал и преклопуваме. Тостираме уште 7-8 минути. со останатата смеса правиме уште еден тост. Послужуваме.