Лимон крем - Lemon curd
Состојки
- 2 Јајца
- 3 Жолчки
- 200 гр Шеќер
- 2 г.л. Кора од лимон
- 190 мл Сок од лимон
- 75 гр Путер (ладен)
Подготовка
Овој деликатес може да се употреби за полнење на палачинки, тартови, чизкејк, филови за торта, колачиња и слично.
Подготовка
1. Во сад на пареа додадете ги сите состојки, претходно добро соединети со рачна маталка или миксер додека добро да се хомогенизираат. (освен путерот).
2. Промешајте и варете додека смесата не се згусне доволно. Откако ќе се згусне, го додаваме путерот и мешаме додека да се растопи. Покриваме со проѕирна стреч фолија, оставајќи ја фолијата да ја допира површината на кремот. Оставаме да се излади на собна температура, а потоа во фрижидер.
Забелешка - Доколку ви пречи кората од лимонот (или доколку случајно ви се направиле грутчиња) во тој случај кремот поминете го преку цедалка.
За погуста структура додадете 1 г.л. густин.
Совет - Белките кои ви останаа употребете ги за превкусни целуфки (пуслици, кајмаци).
На здравје!