Канапеи со спанаќ
Состојки
- 4-6 парчиња интегрален леб, коцки
- Премаз
- 3 лажици младо сирење
- 3, 4 брикети, одмрзнат и исцеден спанаќ
- 40 гр мартадела, сецкана на коцки
- 1 лажиче тостиран сусам
- Сол, бибер
- За декорација
- Маслинки, морков
Подготовка
Предлог за вкусно предјадење
На парчињата леб им ги одстрануваме краевите, корите, со остар нож
Во еден сад ги соединуваме исцедениот спанаќ, може да се користи, свеж и бланширан, па додаваме младо сирење, сусам, сол, бибер и мартадела.
Убаво соединуваме.
Во дебел слој нанесуваме врз парчињата леб.
Потоа дијагонално ги сечиме и добиваме по 4 триаголници.
Ги декорираме со маслинка, морков...