Чоколадирани тостерки со грахам брашно и цимет
Состојки
- 150 гр грахам брашно
- 250 гр бело брашно
- 1 лажиче прашок за печење
- 1 ќесиче ванилин шеќер
- 6 лажици шеќер
- 1 ќесиче цимет
- 3 јајца
- 125 гр маргарин
- 50-60 мл млеко
- 80 гр чоколадо за цртање одозгора
Подготовка
Имагинацијата беше во подем кога решив да се забавувам со тостерките. Така, покрај шарените паралално се вметна и оваа верзија. Имено, од овие започна експериментирањето...имав грахам брашно кое за малку си стоеше веќе некое време, и така започна авантурата, баш од него, па идеите се нижеа во моментот.
1. Измешајте ги сувите состојки и потоа истријте го маргаринот низ раце со нив.
2. Додадете ги јајцата и почнете со месење, при што постепено на крај ќе го додавате млекото.
3. Од тестото правете мали топчиња колку орев и печете ги во загреан тостер.
4. Печените тостерки потоа исшарајте ги со стопено чоколадо.