Испечати

Новогодишни банана мафини со чоко капки

Новогодишни банана мафини со чоко капки

Состојки

  • 2 јајца
  • 50гр кафен шеќер
  • 1 ванила
  • 1/2лажиче цимет
  • 120мл масло
  • 2 зрели банани
  • 180гр брашно
  • 1лажиче пециво
  • 50гр чоко капки

Подготовка

Мафиниве се многу меки и сочни благодарение на испасиранате банани, кои им обезбедуваат влажност, така да мафините остануваат меки и следниот ден. Прекрасно мирисаат на банана, цимет и ванила, а има и чоколадни капки за уште побогат вкус.
Пробајте ги

Во вангличка се ставаат јајцата, шеќерот и ванилата.
Матиме додека смесата не побели.
Го додаваме маслото и соединуваме.
Во еден сад ги соединуваме сувите состојки.
И нив ги додаваме кај претходните.
Соединуваме.
На крај ги додаваме и двете пасирани банани.
По желба и тука може да се додаде чоко капки.
Соединетата смеса ја распоредуваме во калап за мафини, од 12 до 14 парчиња излегуваат.
Одозгора ставаме чоко капки.
Печиме околу 25 минути на 180 степени.
Нека изладат малку, па ги послужуваме.
На здравје

Забелешка - смесата може да ја печите и во тесен, долгнавест калап за леб