Слатка ужинка - хељда со тиква
Состојки
- 50 гр хељда
- 4 лажици тиква
- 1 лажица мед
- ½ лажиче цимет
Подготовка
Хељдата ја покиснуваме во вода 4-5 часа. Ја цедиме, миеме и вариме.
Сварената хељда ја процедуваме. Ја ставаме во длабок сад, ги додаваме тиквата, медот и циметот. Со рачен блендер ја блендираме смесата. Послужуваме со мелени лешници и ореви.