Пита со палачинки од хељда
Состојки
- Палачинки
- 150 гр брашно од хељда
- 250 гр интегрално пченично брашно
- 3 јајца
- 1,5 дл млеко
- 3,5 дл кисела вода
- сол по вкус
- Фил
- 300 гр сирење
- 2 јајца
- 200 гр кисела павлака
Подготовка
Подготовка
1. Измешајте ги состојките за тестото за палачинки. Тоа ќе биде малку погусто од стандардното тесто за палачинки. Испржете ги.
2. Измешајте ги состојките за филот. По ваша желба можете и да го збогатите вкусот со додавање на зачини, сувомеснато.
3. Во намастена тава ставјте палачинка, па фил и така се до крајот. Одозгора премачкајте ја последната палачинка со малку масло. Печете на 180 степени дваесетина минути.