Безглутенски шпагети
Состојки
- 100 гр. безглутенски шпагети
- 1 мало филџанче конзервиран грашок
- 1 мало филџанче конзервирана пченка
- 1 морковче
- 1/2 лажичка оригано
- малку масло и сув зачин
Подготовка
Вкусен безглутенски оброк, готов за час.
Подготовка:
1. Шпагетите се варат 9 минути, се оставаат да се цедат.
2. Во тавче се става малку масло, се става исечканото морковче, се пржи, а штом ќе омекне се додаваат грашокот и пченката (од конзерва), се продолжува со пржење на тивок оган.
3. Се става малку мешан сув зачин, а потоа се ставаат исцедените шпагети и ориганото, се меша сето и се пржи уште малку, убаво да се спојат состојките. Се сервира топло.
(542)