Испечати

Празнична погача со полнење од праз и сирење

Празнична  погача со полнење од праз и сирење

Состојки

  • 100мл млеко
  • 100мл вода
  • 50гр растопен путер
  • 50мл масло
  • 1 мало јајце
  • 1лажиче сол
  • 1лажиче шеќер
  • 20гр свеж квасец
  • Околу 500гр брашно
  • фил
  • 2 страка праз
  • Масло, сол, бибер
  • 100гр бело сирење
  • 1/2изматено јајце
  • За премачкување
  • 1/2изматено јајце, сусам

Подготовка

Збогатете ја вашата празнична трпеза со овааа мека, вкусна и многу декоративна погача.

Прво во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот и лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличка се ставаат активирани квасец, сол, вода, путер, масло.
Со вилушка се соединува смесата.
Постепено се додава брашно и се замесува средно меко тесто.
Се покрива и се остава да се дуплира.
Се дели на 8 топчиња.
Секое топче се расукува во мало кориче.
На половина кориче со помош на алатка за сечење пица се прават засеци.
Потоа засечениот дел се преклопува со целиот дел.
На едниот крај се става од подготвениот фил, односно на масло се пржи ситно сецканиот праз.
Се трга од оган, се додава сол, бибер, Дробено сирење и половина јајце.
Сега се поклопува филот со остатокот на тестото, односно се формира триаголник.
Со засечената страна се става нагоре врз округла тава бр 26 која е премачкани со путер.
Постапката е иста со целиот материјал.
Ја покриваме тавата и оставаме на топло 20 минути.
Потоа премачкуваме со јајцето, по крајот наросуваме сусам.
Печиме околу 30 минути во загреана релна.
Оставаме на решетка да се подизлади па ја сервираме.
На здравје убавинава.