Испечати

Овесна Каша (со афион)

Овесна Каша (со афион)

Состојки

  • 4 г.л. (40 гр) Овесни снегулки
  • 200 мл Млеко по избор (јас ставив соино)
  • 1 г.л. Афион
  • по вкус Мед, јаворов сируп или по избор.

Подготовка

Подготовката на овој вкусен појадок трае околу 15 минути, што значи дека е идеален за брз, здрав и квалитетен оброк.

Подготовка

Во мала касерола измешајте ги овесните снегулки, афионот и млекото, додадете прстофат сол и ставете на оган. Повремено мешајте и почекајте смесата да зоврие, а потоа намалете ја температурата и оставете да се крчка уште пет минути (односно до посакуваната густина за вас).
Заблажуваме по вкус и послужуваме веднаш.

На здравје!