Испечати

Бомбици со кондензирано млеко и брусница

Бомбици со кондензирано млеко и брусница

Состојки

  • 1/2лименка,слатко кондензирано млеко
  • 50гр путер
  • 100гр бело чоколадо
  • 70гр брусница
  • 100гр мелени бисквити
  • За обложување
  • 100гр чоколадни мрвици

Подготовка

Во сад на тивок оган ги ставаме да се соединат кондензираното млеко, путерот и белото чоколадо.
Од кога смесата е изедначена тргаме од оган.
Ги додаваме брусницата и мелените бисквити.
Соединуваме убаво.
По желба може да се додаде и некоја арома, по вкус, цимет, ванила, рум...
Формираме бомбици кои ги обложувам со чоколадни мрвици.
Сервираме