Чоко стапчиња со вкус на портокал
Состојки
- 150гр интегрални кекси со вкус на портокал и капки чоколадо
- 100 гр мелени ореви
- 80гр чоколадо
- 6 лажици свежо цеден сок од портокал
- 5,6лажици шеќер
- 60гр путер
- Кора од портокал
- За декорација
- Растопено бело и црно чоколадо
Подготовка
Ароматични и вкусни колачи е мојот денешен предлог за вашата празнична трпеза.
Прво еден поголем портокал го ставаме во сад со вода и додаваме лажиче сода бикарбона.
Нека одстои така 1 час.
Потоа убаво го миеме со чиста вода.
Во сад на тивок оган ги ставаме да се соединат путерот, сокот од портокал, чоколадото, шеќерот.
Ја додаваме и ренданата кора од портокалот, да ги испушти своите етерични масла и ароми.
Од кога смесата е изедначена, оставаме на оган уште 2 минути, постојано промешуваме, па ја тргаме на страна.
Малку нека подизлади, па додаваме мелени ореви и мелени интегрални кекси.
Соединуваме и оставаме смесата да се излади.
Потоа формираме долги ваљаци, кои ги сечиме на парчиња, долги по 3,4 цм.
Секое парченце го потопуваме во растопено бело или црно чоколадо.
Декорираме по сопствена желба.
овие колачи се втори од лева страна во големата кутија.
превкусниииии